Температури до -12!
22.01.2010 08:35
| KumanovoNews
Од денеска земјава ќе ја зафати студено време со врнежи од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Особено студено ќе биде во утринските часови, кога на места температура ќе се спушти и до -12 степени Целзиусови, а според прогнозата, во сабота, дневната температура нема да да се искачи над нулата.
Денеска и утре во Западна Македонија се очекуваат и врнежи од снег, а поради ниските температури можна е и појава на голомразица.